Тајната вечера без тројца фудбалери

73

За да ги направат играчите на Реал (М) уште посплотени, раководните лица на актуелниот светски и европски клупски шампион, организирале „тајна вечера“ во еден познат паб во Мадрид, открива „Марка“.

Главниот услов за играчите од „Сантијаго Солари“ бил да дојдат без жени, пријатели, роднини или други блиски луѓе. Собирот се одржал во ресторанот „БиБо“ во Мадрид, во сопственост на познатиот готвач Дани Гарсија.

Од фотографиите кои биле постирани на социјалните мрежи било забележано дека на вечерата не присуствувале само Тони Крос, Герет Бејл и Кеилор Навас. Се уште нема официјална информација за нивното отсуство.