Еден од најдобрите голфери во светот Американецот Тајгер Вудс, тешко е повреден во сообрќајна несреќа во Лос Анџелес. Оваа информација ја пренесоа скоро сите американски медиуми, кои наведуваат дека Вудс бил сам во автомобилот, а од него го извлекле пожарникарите, по што бил пренесен во болница.

Тој со автомобилот се превртел и излетал надвор од патот во Лос Анџелес, а полицијата добила повик за сообраќајна несреќа со голема штета.

Причината за несреќата се уште е непозната, а американските медиуми не наведуваат моментно во каква сотојба е Тајгер Вудс.