Презентерката на вестите на ТВ Канал 5 Татјана Стојановска, во далечната 1992 година беше избрана за “Мис на Македонија“. И веднаш си ја доби титулата дека е црномурно совршенство. Таа потоа направи успешна кариера во Македонија, едно време ја гледавме на фреквенцијата на некогашната “А1 телевизија“, а денес приватно е и мајка на синот Матеј од бракот со популарниот пејач Благоја Грујовски. Со Благоја, Татјана спогодбено се раздели, без медиумски скандали. Сега е во емотивна врска со Михаил Китановски, велејќи дека важно е ако го најдеш вистинскиот човек, не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење.

– Живееме без потпис како брачни партнери заедно со Михаил, со меѓусебно почитување. А тука е клучот на успехот. Вистински човек во вистинско време!