Татко се самоуби откако неговото бебе почина од топлотен удар во заклучен автомобил

166

Татко од Вирџинија се самоуби откако го пронашол мртов својот 18-месечен син на задното седиште во автомобил, кој го оставил на сонце. Мажот се самоуби во близина на куќата во која полицијата го пронашла телото на момчето.

„Ова е ужасна трагедија по толку многу основи“, изјави началникот на полицијата во Честерфилд, Кристофер Хенсли, пренесе CBS.

Полицијата верува дека таткото отишол на работа каде поминал три часа и дека заборавил да го остави синот во градинка. Вирџинија оваа недела беше погодена од топол бран.

Семејството на момчето ја алармирало полицијата кога детето не се појавило во градинката. Полицијата ја пребарала куќата на таткото и го пронашла и неговото и телото на детето.