Синот на популарниот Даниeл Поповиќ се присети на времињата кога имаа пари

Го памтиме сигурно се уште пејачот Даниел Поповиќ кој на “Песна на Евровизија“ направил голем Интернационален успех со хитот “Џули“, а со таа песна направил и многу големи пари. Но, парите како дојдоа така и си заминаа. Синот на овој познат пејач Себастијан Поповиќ деновиве пред новинарите се присети на тие богати времиња. И секако дека жали што парите се потроешени, а татко му Даниел останал скоро на питачки стап.

– Точно е тоа дека имавме многу пари, и тоа дека денес татко ми има финансиски маки. Но тој е оптимиста, колку што може добро ја поднесува беспарицата. Од првата заработувачка која ја доби од „Џули“ татко ми купи куќа, си купи порше – првото вајво возило во Југославија. Имаше и прв мобилен телефон, онаа голема канта со антена… Каде во меѓувреме заминаа тие пари не знам?Едноставно ги потрошил. Тој не вложувал во некои угостителски објекти, во деловни простории, не купувал згради или туристички објекти. Немаме ништо од тоа, а ги нема ни парите. Едно време сакав да снимиме песна во дует, но тој ме одбил. Како татко и син не сме скарани, имаме комуникација, ама ретко се гледаме….вели Себастијан кој е исто така пејач.  Д.М.