Поранешниот американски велосипедист Ленс Армстронг, на кого му беа одземени титулите осовени на Тур де Франс поради користење на допинг, сега има нови семејни проблеми. Неговиот син Лук (21) направи далеку поголем прекршок, поточно уапсен е заради силување.

Скандалот кој се случи пред три години, адвокатите на семејството Армстронг се обидуваат да го оправдаат како средношколска љубов, но доказите не одат во нивна корист.

Пред нешто повеќе од три години, во март 2018 година Лук Армстронг, според тврдењето на жртвата во семејната куќа силувал 16 – годишна девојка. Тој тогаш бил две години повозрасен од жртваташто ќе биде еден од главните адути на одбраната, но постои и друга страна на приказната.

Додека адвокатите на Лук се повикуваат на тинејџерска љубов, девојката која насилството го пријавила пред половина година, тврди дека не се сеќава на возењето од забавата до куќата на Армстронг, но ниту на остатоко од ноќта. Таа следното утро се разбудила во непоззната соба и брзо сфатила дека имало секс. По конзервативните закони на Тексас, сојузна држава во која живеат, на лицата помлади од 17 – години не им е дозволено да имаат сексуални односи.

Ова е уште еден во низа скандали кои го следат легендарниот велосипедист. Во еден момент тој мораше да ги врати дел од освоените награди и признанија, бидејќи се докажа дека ги освојувал под дејство на допинг. Денеска седумкратниот освојувач на Тур де Франс се води само како победник на две етапи на оваа трка, а во биографијата му пишува дека во 1993 година го освоил златото на Светското првенство на отворено.