Таткото на Боки 13 даде исказ и си замина дома

585

Новоосомничените кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост за случајот „Рекет” вчера беа повикани денеска да се појават во Кривичниот суд во Скопје  за да се произнесат пред судија на претходна постапка.

Денеска во Кривичниот суд во Скопје се појави и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, кој беше повикан од претходно да даде исказ.

Поради тоа, Миле Јовановски денеска даде исказ пред судија на претходна постапка и потоа си замина дома.

Одлука за него од судија на претходна постапка се очекува да биде донесена подоцна.