Татковината на „земјата на медот“ најпребарувана локација на Гугл поврзана со Оскарите

289

Северна Македонија е најпребарувана локација поврзана на наградите Оскар во моментов на Гугл, што се должи на „Медена земја”, кој е номиниран во две категории.

-Северна Македонија, татковината на номинираниот за Оскар, „Медена земја” е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите, се наведува во твитот на Твитер налогот на Гугл трендс.

Македонскиот документарен филм „Медена земја” на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар.