Татијана Стефановска, фолк-пејачка: Допрва ќе се мачиме, дали ќе биде безбедно да ја примиме вакцината против коронавирусот!

538

/Дуле Миќиќ
Фото:Кристијан Пашоски-Белеза и ФБ-архива/

“На тие што предлагаат,да ја смениме професијата,би им препорачала тие да ја сменат својата.Не е така лесно како што мислат тие.Музиката е наш живот.Треба да си посебен,за да бидеш добар музичар!“

Можете да ја сакате или не, но рамнодушни кон неа и нејзината темпераментна песна ни во кој случај не можета да останете.Татијана Стефановска во исто време е и провокативна со својот имиџ и пејачка која знае да пее. Ретко кога на естрадата овие две работи одат заедно. На Татијана тоа и успева. Како што и успева кариерата да ја созадава без скандали, трачеви или не дај Боже еротски афери. Оваа ситуација со вирусот, тешко ја преживува како и сите ние, а најтешко поради тоа што поради својата работа не навикнала со месеци да е дома, да биде домаќинка во кујната, и ако вели и тоа седење по дома имало и свои добри страни. Така да и Илинденските празници ќе си ги помине тамам таму кај што треба, дома во својот Охрид, покрај саканото Езеро, со семејството и сопругот кој е исто така музичар.

Во Интервјуто за весникот ВЕЧЕР/vecer.press згодната пејачка открива уште многу интересни работи за себе и своето пеење….

Какви се твоите размислувања и согледувања за македонската естрада после 5 месеци без настапи и активности, како ја гледаш во иднината македонската естрада и каков е твојот став околу онаа помош од владата од 14.500 ден, дали ти аплицираше или тоа се пари колку да не е без ич, како ти финансиски издржа/издржуваш?

0 Ситуацијата е тешка.Не сме музички активни од месец март.Како што сме веќе финансиски опаднати,така може и креативноста да ни се намали.Но и во текот на карантинот,се трудевме да сме активни и креативни,на социјалните мрежи.Снимавме видеа,кавери а некои колеги промовираа нови песни.Некои правеа и фотосесии.И тоа е дел од нашата работа.Музичарите се единствени кои работат бесплатно во текот на оваа криза. А, бевме критикувани дека на нас не ни треба никаква финансиска помош. Музичарите се едни од тие луѓе кои секогаш помагаат и за хуманитарни цели,концерти,но луѓето како да го заборавиле тоа.Тие 14.500 денари би им помогнале на многу колеги.Готовите пари многу лесно и брзо се трошат,а верувајте немаме никаков приход.Како и другите граѓани,така и ние плаќаме сметки ,даноци итн.Се надевам дека оваа ситуација,ќе се реши,барем до крајот на оваа година,а со тоа и ние би продолжиле да работиме и заработуваме.

Некои советодавци, а ги има се повеќе, велат, ако немаат веќе заработувачка на естрадата, нека ја сменат професијата, нека работат таму кај што има пари, нека се прилагодат со ситуацијата, ти што би им советувала на таквите?

0 На тие што предлагаат,да ја смениме професијата,би им препорачала тие да ја сменат својата.Не е така лесно,како што мислат тие. Музиката е наш живот.Треба да си посебен,за да бидеш добар музичар.Тоа не би го заменила така лесно.Ќе бидеме трпеливи и ќе го продолжиме она што најдобро знаеме да го работиме.

Веруваш во тоа дека вирусот навистина постои или не, ќе остануваш дома или се подготвуваш ова лето со маски да заминеш на некоја од домашните плажи без некој страв по тебе и твоите?
0 Верувам дека вирусот постои и дека може да им наштети на луѓето,посебно на повозрасните.Се придржувам кон мерките,ако не за мене,тогаш за постарите,околу мене.Плажата во Охрид не ја изоставувам,но сум доста претпазлива.

Се согласуваш со здравствените власти за тоа дека од оваа есен за да се максимално заштитиме би требало да има најригорозни мерки, од типот на тотален карантин без разлика како ќе влијае тоа на нашата психа, па кој преживее ќе раскажува
0 Како поинаку би постапиле властите,со луѓе,со кои и не е баш лесно да се разбереш.Не мора некој да не затвори дома ,за да ни укаже дека работите можат да излезат од контрола.Мораме сами конечно да се освестиме дека вирусот убива и дека овој живот каков и да е нема реприза.

Дали навистина пеееш песни само ако во нив како пејачка се пронаоѓаш или само да е хит кој носи пари па, макар песната воопшто да не ти е според вкусот?
0 Обично снимам песни во тој стил ,во кој дотогаш не сум снимала.Текст ,каков што сум немала.Ретко снимам песни кои го опишуваат мојот живот.А кога тоа го правам,тоа е убава љубовна песна.Никогаш не сум снимила песна што не ми е по вкус, Напротив, јас кажувам,што одприлика сакам да сработиме со моите соработници.

Гледам дека еротиката ти е битна за кариерата, но онаа која е вкусно направена, шмекерска, интересна, не си некоја која на естрадата опстојува со скандали и безобразни изјави, семејна жена си која е и домаќинка во кујната,мајка, сопруга, како сето тоа ти успева?
0Пред сѐ ми е битна песната,изведбата,целата таа еуфорија околу оваа работа,а потоа и изгледот.Јас сум “за” еротика во некои од фотосесиите, но тоа да не е вулгарно прикажано.Инаку за овој мојот убав еротски изглед задолжен беше мојoт фризер, шминкер, стилист од Битола, Кристијан кој има и свое студио. Не сум си дозволила никогаш безобразни изјави и не ни планирам.Во почетокот на кариерата,се обидуваа да ми наметнат такви наслови во порталите и во весниците, но од кога ги пресеков,не се осудија да го направат тоа повторно.Можеби оваа година и најмногу ја почуствував хармонијата во домот. Затоа што и мојот сопруг е музичар, па во овој период сме биле секогаш разделени поради нашата работа, но си комунициравме секојдневно, нели преку мобилните и социјалните мрежи. Например, тој во Америка, јас во Австралија. Од март месец не е така. Дома сме! Токму тоа нѝ годеше. Друга добра работа е што во кујната зготвив јадења за кои ниту знаев дека сум способна да ги направам толку вкусно.

Што мислиш зошто пејачите од Србија, Хрватска, Босна и донекаде од Бугарија секогаш им се поинтересни на луѓето и постојано дебело платени од овие нашите, од вас од Македонија, кога и ние имаме пејачи кои се и подобри од Цеца, Северина, Лепа Брена, ама….каде секогаш запнува нешто?
0 Пред сѐ,колегите од соседните земји, веќе одамна,се членови на огромни продуцентски куќи и мислам дека тој е главниот фактор што секогаш биле и ќе бидат далеку попопуларни и поплатени од нас.Не дека ние немаме доволно таленти,но ние сѐ правиме сами, Вложуваме од наш џеб и сами ги менаџираме работите.Еве,предизвикувам некој моќник да отвори таква продукција и да не води на некој начин и нас, а и наредните генерации кои со многу љубов и пожртвуваност влегуваат во оваа работа.Ние сме народни луѓе и човек може лесно да се договори со нас.Нашите музичари заминуваат на аудиција во тој “Гранд“ за патот до успехот да им биде полесен.Повеќе да се присутни на малите екрани, воопшто во сите медиуми, весници, портали, интернет-канали….Па,да таму имаат и многу естрадни весници во кои постојано се пишува за пејачите, додека кај нас таквите естрадни весници згаснаа, за жал.

Летни охридски радости:Татијана со сопругот Митко

И за крај ќе има ли спас од оваа црна чума, или да чекаме на вакцината против короната, а веројатно ќе се начекаме, дај некој корисен совет, нели надежда последна умира?
0 Е, тоа е уште едно прашање што допрва ќе не мачи во наредниов период: ќе се мачиме дали ќе е безбедно да ја примиме вакцината или не? Како и многу луѓе така и јас не сум сигурна во тоа и немам многу размислувано токму за тоа.Се надевам и се молам за најдоброто кај нас и во целиот свет. Со верба во Бога,сѐ ќе биде во ред.Треба да бидеме трпеливи, зашто не е сѐ во нашите раце, во нашата моќ.