Летно освежување пред ручек: Таратур со ореви

216

Освежително предјадење за овие топли денови…

Потребно е:

  • 5-6 чешниња лук
  • 100 г исчистени ореви
  • околу 50 мл масло
  • 1 кг кисело млеко
  • 1 краставица
  • сол
  • 1 лажица оцет

Подготовка:

– Во аван ставете ги исчистените ореви, лукот и малку сол и истолчете ги со дрвен толчник со повремено додавање масло додека да добиете бела смеса.

– Во смесата додадете ги киселото млеко, оцетот и на крај краставицата исечкана на мали коцки. Убаво измешајте.

– Пред да го послужите таратурот убаво изладете го во фрижидер.