Славниот режисер Квентин Тарантино и сопругата Даниела Пик (35) се венчаа пред девет месеци, а сега режисерот изненади со среќната вест – во 57-тата година од животот ќе стане татко. Тоа е прво дете на познатиот режисер. Тарантино сега пред себе има нов проект, животниот – ќе стане татко.

„На Даниела и Квентин исклучително им е мило што можат да објават дека го очекуваат своето прво дете“, рекле за американскиот магазин „Пипл“.

Двојката се венча на традиционална еврејска венчавка во Беверли Хилс во најтесниот круг на семејството и пријателите. Првпат се сретнале уште во 2009 година, кога тој го промовирал својот филм „Немилосрдни гадови“ и тогаш ја започнале својата врска.

Заедно биле до 2015 година кога раскинале, а по неколку месеци се смириле и ја продолжиле својата љубовна врска.

Даниела Пик е пејачка со потекло од Израел, а нејзиниот татко е познат израелски пејач и автор.