Босанскиот ракометен репрезентативец Марко Тарабокија, ја заврши потрагата по клуб за новата натпреварувачка сезона. Тој потпиша договор на една сезона со унгарскиот клуб Дабас, кој има еден од послабите тимови во тамошниот шампионат.

Тарабокија лани беше дел од Металург, имаше опција да продолжи во Автокоманда, но одлучи да ја прекине соработката

Средниот бек беше дел од Загреб, Сесвете, Висла Плоцк, а играше и за Чурго, па потписот за Дабас значи камбек во Унгарија.