Танцувајте – на вашата врска никогаш нема да ѝ недостига страст

94

Истажувачите открија дека танцувањето спасило многу бракови, неброени врски извлекло од криза и ги разбудило старите емоции. Д-р Мајкл Џуди, кој ги предводи истражувањата, вели дека танцувањето зближува, опушта, ја отстранува нетрпеливоста…


Кога ќе почувствувате дека нешто „чкрипи“ во вашиот однос, однесете го партнерот на танцување. Тоа е, советуваат стручњаците, рецепт за оживување на страста во врската, а кога постои страст, другите проблеми помалку се чувствуваат.

Истражувањето на научници од Бостон покажало дека танцувањето развива блискост и ја буди желбата меѓу партнерите, што е основа за добар однос. Истражувачите откриле дека танцувањето спасило многу бракови, неброени врски извлекло од криза и ги разбудило емоциите меѓу партнерите. Д-р Мајкл Џуди, предводникот на истражувањето, вели дека танцувањето зближува, опушта, ја елиминира нетрпеливоста…

 

– Ако сте почетник, совладувањето на чекорите со партнерот ќе ви помогне да се зближите, вели Џуди.


– Штом ќе ви се спојат дланките, го чувствувате допирот на саканата личност околу половината, или на рамето, близината на телото, очите кои одеднаш ви се чинат поинакви, посетилни, едвај ќе чекате да се осамите. И уште следниот ден ќе посакате да отидете на нов час.

Студијата покажала дека танцувањето ги враќа „пеперугите“ во односот, па така 65 отсто од испитаниците повторно се вљубиле во својот сопружник, а други 70 отсто одлучиле да продолжат да посетуваат часови по танцување, бидејќи се чувствуваат многу подобро.