Фински Тампере ќе биде еден од четирите града домаќини на групната фаза од Европското првенство во 2025 година, кое заеднички ќе го организираат Финска, Летонија, Полска и Кипар, соопштија од ФИБА. Натпреварите ќе се играат во „Тампере Дек арена“, која е со капацитет од 11.000 седишта, а беше отворена во 2021 година.

Тампере им се приклучи на летонска Рига и на кипарски Лимасол, во кои ќе се игра групната фаза, додека полскиот град домаќин ќе биде објавен на 17-ти овој месец.