Една од најдобрите евровизиски пејачки Тамара Тодевска не престанува да ја изненадува публиката, а со нив и своите дома, своите пријатели, роднини, соседи, а и медиумите. Таа е многу голема љубителка на тетоважите и ги има неколку на своето тело. Секогаш за тетоважите оди кај својот проверен, професионално врвен и најсигурен тату-артист во Скопје.

Таа на Инстаграм објави фотографија од својата нова тетоважа на рамото. Тоа е микрофон кое и е средство за работа, но сега поради короната е најчесто во мирување. Сепак, тука е и на нејзиното рамо, откако пред некоја година микрофонот и е истетовиран и на нејзината нога. Има повеќе тетоважи вклучувајќи ги и оние со венчалните бурми за неа и сопругот. За пејачката едноставно кажано не постојат табу теми и работи.

После тетоважите, Тамара направи корекција на устата, па фотографија и од овој успешен зафат објави на својот Инстаграм профил. Таа го пофали докторот ветувајќи дека и докторот и тату-артистот наскоро ќе ги почести со својот мини-концерт во знак на благодарност.  Д.М.