Тамара Еклстон (37) е пресреќна што во нивното семејство се роди бебе. Татко и Берни Еклстон (89) и неговата сопруга Фабијана Флоси (44) станаа родители на синчето Ејс.

-Не можеме да бидеме посреќни и ова се посеби моменти. Убаво е да се има брат откако досега бевме женско семејство – коментираше Тамара за Дејли мејл.

Берни и Фабијана објавија дека чекаат бебе во аптил. Малечкиот Ејс е 65 години помлад од првата ќерка на Берни, Дебора, која ја доби од првата сопруга Ајви Бамфорд.

Освен Тамара и Дебора тука е и третата сестра Еклстон, Петра (31). Тамара и Петра се ќерки на Берни од вториот брак, со хрватската манекенка Славица Радиќ (62).