Тамара ги запали социјалните мрежи – Еднаш, и тоа на Евровизија, бевме сплотени и среќни…

257

Тодевска според гласовите на Интернационалното жири освои второ место, но според телевоутингот таа доби скромни 58 гласа.

Сега веќе се шпекулира дека македонската дијаспора буквално ја бојкотираше не, Тамара, туку новото име Северна Македонија. Многумина велат дека СЈО треба да го преиспита телевоутингот бидејќи е зачудувачки малиот број гласови од публиката.

Како и да е, настапот на Тамара во Израел предизвика лавина коментари, па социјалните мрежи во еден момент како да се запалија, Интернетот падна, но за триесетина секунди сè си дојде на своето место.

Еве што пишувале само од некои фејсбуковци и твитерџии… За мене Тамара е победник. А, и в година патриотите уште “погласно“ да бојкотираат… Дедо раскажи ми приказна: Внучке, еднаш на Евровизија бевме први и сите беа сплотени и среќни… Ама не беа сите среќни. Вмровците нокти гризеа за да паднеме. Чистење сè тоа треба… Вака адреналин ме нема пукано никогаш во животот. Браво ЖЕНИШТЕ… Македонија е победник, водеше два саати, за разлика од Холанѓанецот кој водеше само 3 минути!