Талин ќе добие футуристичка станица за автобуси, трамваи и возови/фото

165

Предлогот на архитектонското биро „Заха Хадид архитектс“ (ZHA) беше усвоен во конкуренција за нова железничка станица во естонскиот главен град Талин.

Станицата Улемисте, која ќе ја гради домашната компанија „Есплан“, ќе биде дел од „Реил Балтик систем“, 870 километри долгата железничка станица меѓу Полска, Литванија, Летонија и Естонија.

И покрај тоа што не ги знаеше сите детали за градбата ZHA наведува дека необичниот дизајн на зградата се заснова на тоа луѓето полесно да се снајдат во неа, бидејќи подд ист кров ќе сообраќаат автобуски, трамвајски и железнички линии.

Преку сите три вида транспорт ќе преоѓа пешачки мост, кој ќе ги поврзува и ќе им овозможи на луѓето лесно да се премостуваат од еден до друг превоз.

Рокот на завршување на ова здание не е познат, но зградата ќе биде модуларна, односно ќе се гради во фази, и што е најважно ќе ги исполнува сите „зелени“ стандарди.

Бирото ZHA веќе дизајнирало неколку железнички станици во светот, како онаа во Наполи и Осло, чија градба треба да започне догодина.