Талибанците не ги прифаќаат условите на меѓународната заедница за признавање на нивната влада

26

Условите под кои меѓународната заедница е подготвена да ја признае новата авганистанска влада не се прифатливи за радикалното талибанско движење, изјави заменик министерот за информации и култура Забихула Муџахид.

– Условите за признавање на нашата влада, предложени од меѓународната заедница, се неприфатливи и го кршат меѓународното право, истакна Муџахид.

Тој нагласи дека талибанците „се обидуваат да воспостават блиски дипломатски односи со други земји врз основа на меѓусебно почитување“, додавајќи дека радикалното движење „ги повикува ОН да најдат заеднички јазик за дипломатска соработка“.

Според него, „признавањето на новата влада е право за нив и за целиот авганистански народ“.

Муџахид, исто така, нагласи дека „загриженоста, изразена од меѓународната заедница за новата авганистанска влада, е решлива“.