Талески на излезната врата од РНЛ, но на влезната во Вардар

117

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески, најверојатно ќе си замине од Рајн-Некар Левен, откако германскиот ракометен гигант го комплетираше трансферот на нов врвен лев бек. Станува збор за францускиот репрезентативец Ромен Лагард, кој пристигнува од таборот на Нант и потпиша договор до 2023 година со „лавовите“.

Талески не добиваше преголема минутажа во нападот и пред доаѓањето на Лагард, па лесно може да се случи македонскиот бек да почне да разгледува и други опции за продолжување на својата кариера. Интерес за нашиот репрезентативец покажува Вардар, кој во случај Талески да стане достапен за трансфер ќе испрати сериозна понуда за да го врати левиот бек назад во Македонија.