Талат Џафери:  Успех им посакувам на сите

33

Претседателот на Собранието  Талат Џафери гласаше во  гостиварското село Форино.

По гласањето, Џафери посака изборниот процес да се заврши регуларно и без проблеми.

– Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Со оглед дека сум носител на кандидатската листа во Петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам таму за одблизу да ги следам изборите и таму да ги чекам резултатите по завршувањето на гласањето. Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од коронавирусот и тоа е она што треба да следи во текот на денот. На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех – изјави Џафери.