Талат Џафери во Кина заедно со Владанка Авировиќ и Цветанка Иванова

162

Македонија и Кина остваруваат успешна соработка на полето на образованието, науката, земјоделството, туризмот, медицината и други области, но, постојат уште многу можности за интензивирање и збогатување на соработката. Ова е заедничка констатација на собранискиот претседател Талат Џафери и неговиот колега од Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу, на средбата во рамки на официјалната посета на Народна Република Кина.

Двајцата нагласиле дека двете држави немаат отворени прашања и односите се традиционално пријателски, истакна дека во рамките на Иницијативата појасот и патот, постојат многу можности за соработка во различни области.

Во текот на средбата станало збор и за инфраструктурните објекти во државава што ги градат кинески компании, и општо за потенцијалот на Процесот на соработка 17 + 1, како извонредна важност за реални и конкретни проекти кои ќе донесат економски раст. Беше поздравено и основањето на Координативниот центар за култура во Народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје, кој има за цел јакнење и споделување на знаења, искуства и најдобри практики меѓу НР Кина и земјите членки од Централна и Источна Европа.

Во состав на делегацијата која ја предводи Џафери се потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, претседателката на пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и генералниот секретар , Цветанка Иванова.