Календарот кој го состави ЕХФ на брзина по откажувањето на Олимписките игри во Токио маиде на бројни отпори во одредени делови од Европа.

Малку кој веруваше дека август и септември се добри термини за играње на завршницата во Лигата на шампионите и сите други натпреварувања под капата на европската куќа на ракометот.

За повеќето јуни беше идеален термин за доигрување на сезоната, а доколку не може да се одигра тогаш, подобро е да се откаже целата сезона. Но, најкотроверзниот предлог засега го даде тренерот на полскиот ракометен шампион Киелце, Талант Душебаев.

-Осминафинале и четвртфинале во јуни, тоа ќе биде многу тешко, не  е реално и мислам дека многу подобро да се одигра осминафиналето, а потоа во Келн, нормално ако биде се во ред да се организира Final Eight турнир. Тоа би било многу поинтересно и регуларно, отколку да се игра во август, изјави Душебаев.

Меѓутоа, ЕХФ на се гледа низ призмата на парите, бидејки нема да станува збор само за сабот и недела, туку ракомет ќе се игра најмалку уште три дена. Ова значи дека поскапува изнајмувањето на скапата „Ланхсес Арена“ и луѓето вклучени во организацијата, па малку веројатно е дека тоа и ќе биде дозволено од страна на челниците на европската куќа на ракометот.