Тажно, но вистинито, Марина Туцаковиќ ќе биде погребана дури за 10-ина дена, откако нејзиниот сопруг ќе оздрави од коронавирусот

699

Големата и легендарната хит-мејкерка Марина Туцаковиќ, која ја загуби битката со ракот, а најпосле и со короната на 67-годишна возраст, ќе биде погребана дури за десетина дена, кога нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута ќе оздрави од коронавирусот. Нејзиното замрзнато безживотно тело се држи во болничките ледени фрижидери под специјален третман. Делува морбидно, но таа е болната вистина.

Датумот на погребот е одложен за да може Александар Радуловиќ Фута, најголемата љубов на славната Марина, да присуствува на нејзиното “патување“ кон вечниот дом. Фута е заразен со оваа најчесто смртоносна инфекција и сега се наоѓа во самоизолација во станот во населбата Врачар.
Последните денови Марина ги помина во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“, каде што беше префрлена откако се инфицира со короната, кога ѝ беше ставена на апарат за дишење, но за жал за сè беше предоцна.