Тажно – И тој си замина – почина Игор Старовиќ, фронтменот на „Дивљи кестен“

441

Балканската естрада деновиве остана покуса за уште една популарна личност. Почина Игор Старовиќ, фронтменот и пејач на популарната група „Дивљи кестен“. Тој беше на 56-годишна возраст, за што многумина би кажале дека сé уште бил во полна музичка и животна сила, расположен за нови победи. Но, судбината сурово си поигра со него. На Игор ненадејно му пукна срцевата аорта. Пред тоа не беше болен. Ќе го памтиме по хитовите: „Ти си мојата музика“, „Кристина“, „Наташа“, „Гори моето срце“…

По професија беше археолог, а музиката му беше и му остана прва и последна љубов. Неколку дена пред смртта, популарниот музичар се огласи на социјалните мрежи со многу емотивна порака, како да претчувствуваше дека нешто лошо би можело да му се случи: „Само да не те сакам“ е стихот што го сподели со своите пријатели и фанови. Публиката му возврати со емотивна порака: „Добар човеку, засекогаш ќе живееш во нашите срца!“