Споменикот на паметењето „Што те нема?“ веројатно е еден од најоригиналните на светот. Станува збор за номадски споменик кој секоја година на 11 јули се поставува во различен град во соработка со дијаспората од БиХ. Годинава беше поставен во Венеција.

Во неговото поставување освен семејствата на жртвите, учествуваат и сите оние кои сакаат да го одбележат денот на годишнината од геноцидот во Сребреница.

Споменикот е составен од филџани наполнети со кафе. Филџаните се собираат од босанскохерцеговските семејства од целиот свет.

Ако се прашувате зошто токму филџани со кафе, одговорот е следниот. Кога вдовиците од Сребреница ги прашале што им недостига најмногу од нивните сопрузи, одговорот бил: „Заедно да се напиеме кафе’.