ТАВ  ќе ги проширува аеродромите во Скопје и Охрид, за 10 години четири пати повеќе патници 

147

Со четири пати зголемен број  патници на аеродромите во Скопје и во Охрид холдингот ТАВ аеродроми  и планови за нови инвестииции ги  одбележува првите десет години од преземањето под концесија на Меѓународниот аеродром Скопје  и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Се очекува бројот на патници од 640.000 колку што изнесуваше во 2009 година  до крајот на годинава да достигне 2,7 милиони.  Изминатите 10 години инвестирале 120 милиони евра во аеродромоска инфраструктура и развој и платиле 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци. Дестинациите што ги опслужуваат на двата аеродрома се зголемени од 15 на 44 и планираат нивно проширување за што се во тек преговори со авиокомпании.

-ТАВ  е одлучен дека и натаму ќе продолжи двоцифрениот пораст на бројот на патници и оти ќе продолжи да го развива Скопскиот аеродром како главен центар за авиосообраќајот на Балаканот, рече раководството на компанијата денеска на прес-конференција во Бодрум за македонските новинари.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на холдингот ТАВ аеродроми најави дека на крајот на сезоната почнуваат активности за проширување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во што ќе вложат 10 милиони евра. Тие пари се дел од планираните 45 милиони евра што  требаше да ги вложат во карго аеродром во Штип но се пренаменети откако испитувањата покажаа дека нема можности за реализација на таков проект.

Со останатите 35 милиони евра ќе се спроведат инфаструктурни проекти, за што треба  да добијат листа од Владата. Кога ќе го добијат списокот, како што велат, ќе почнат да ги инвстираат парите. За таа цел Владата треба да го промени Законот за концесија, на што се работи, подготвени се сите договори и треба да се заокружи  ратификацијата.

Во долгорочните планови на ТАВ  по истекот на следните 10 години во кои ќе менаџираат со аеродормите, согалсно со тековниот 20-годишен Договор за концесија е да продолжат да оперираат со аеродромите во Скопје и во Охрид. Законот дозволува концесија до 35 години. За продолжување на концесијата и по нејзиниот истек во 2030 година планираат да почнат преговори за натамошни инвестиции и да добијат дополнителни 15 години.

-Секако дека ова нема да биде бесплатно, треба да имаме и други инвестиции на аеродромите и да ја подготвиме Македонија за некој иден развој затоа што забележува добар пораст. Оваа година очекуваме пораст од три проценти, вашиот БДП е зголемен, тоа е особено добро. Ќе бидете земја членка на ЕУ и  многу  работи ќе се сменат, што значи дека ќе мора да ги подготвиме аердромите за идниот пораст што треба да се случи во Македонија, рече Шенер.

Главниот извршен директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој најави дека со 10 милиони евра ќе ги прошират терминалните на аеродромите во Скопје и во Охрид каде планираат и други новини.

Доколку добијат дозвола ќе ја срушат старата пристанишна зграда во Скопје и ќе изградат нов терминал или ќе го прошират постојниот. Планираат да отворат 10  дополнителни шалтери во затворената област од Скопскиот аеродорм, неколку  места каде авиокомпаниите ќе продаваат билети, како и просторија за пушење.

Со бројката од 300.000 патници веќе се исполнети капацитетите на аеродормот во Охрид. – Ќе треба да го зголемиме бројот на порти, да имаме повеќе чек ин шалтери и подобро движење на патниците низ аеродромот.  Аеродоромите се првото и последното место каде патниците  добиваат одреден впечаток за државата. Кога ќе го прошириме терминалот во Охрид ќе имаат многу подобар впечаток за државата, потенцира Ерсој.

Од ТАВ го повторија ставот дека за уште поголем развој на авиосообраќајот е потребен национален авиопревозник. – Авиосекторот во Македонија напредува многу добро, а нам ни треба национален авиопревизник. Се надевам ќе имаме бизнисмен или Владата ќе се  одлучи да воведе национален авиопревозник затоа што на овој начин ќе помогне многу на економијата, посочи Шенер.

Во однос на можностите за воведување директни летови со Америка, од ТАВ велат дека тоа за авиокомпаниите е многу скапо поради различното место на потенцијалните патници и оти бараат финансиска поддршка. – Тие се многу конзервативни во поглед на трошоците, бараат на тој начин еден вид поддршка од Владата, некакви субвенции  или слично. Кога ќе дојдеме до најдоброто време и најдобрата формула ќе можеме да почнеме со такви летови. Авиокомпаните сакаат патници  во текот на целата година, а не само во лето. Северна Америка е малку  посложен случај но ќе работиме на тоа,  можеби локални компаниии ќе треба да воспостават некаква соработка, истаканаа од ТАВ.

ТАВ аеродорми, на скопскиот и на охридскиот аеродром,  имаат 1 100 вработени, од кои 70 проценти работат во ТАВ Македонија, другите во нивните сестрински.

На двата аеродрома  во државава во првите осум месеци од годинава се превезенеи 1,8 милиони патници (1.774.482) за 12,1  процент зголемување на годишно ниво. Реализирани се 14.744 летови или за 9,9 проценти повеќе на годишно ниво.

Холдингот ТАВ аеродроми потпиша 20-годишен договор за концесија со Владата во септември 2008 година, а стартуваше со менаџирање на аеродромите во Скопје и Охрид во март 2010 година. Според раководството на ТАВ, успехот на пазарот во изминатите десет години е резултат на одличната соработка со Владата и сите институции од воздухопловната индустрија, нивните деловни партнери коишто работат на двата аеродрома и патниците за користење на аеродромите.

Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на скопскиот аеродром

Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, најавија од Тав Холдинг. Турската компанија која управува со скопскиот и охридскиот аеродром решила да им излезе во пресрет на барањата на оваа група патници.

Пушачката зона ќе се прави горе во делот после пасошката контрола, каде од лани има и детско катче.

Од Бодрум, менаџментот на ТАВ најави и други новини, а една од нив е дека на целиот аеродром има повеќе полначи за мобилни телефони.