ТАВ Македонија го поддржа денешното традиционално 41-во искачување на Титов врв на Шар Планина

831
Како општествено одговорна компанија, ТАВ Македонија го поддржа денешното традиционално 41-во искачување на Титов врв на Шар Планина, со планинарскиот клуб Љуботен, а нашиот колега Јасмин, на кого планинарењето му е пасија, беше еден од 600-те учесници од Македонија и целиот Балкан, од вкупно 27 планинарски друштва, кои и покрај лошите временски услови на Шара денеска, успеаја да го искачат вториот највисок врв во Македонија, кој е на 2748 метри надморска височина.
По искачувањето проследено со магла и температури од -3 степени Целзиусови, Јасмин го развиори знамето на @tavairports на Титов врв.