Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес, наводно сака да го напушти мадридскиот клуб. Центарот од Зеленортските Острови штотуку ја освои својата втора Евролига за време на неговиот мандат во шпанската престолнина, а веќе почнаа да кружат гласини за неговата иднина.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Таварес неодамна потпиша нов договор откако неговиот стар истече во летото што претстои. Според новиот договор тој заработува 1.800.000 евра, но се чини дека тоа не е доволно за играчот кој беше прогласен за МВП на фајналфорот.
Сезонава на 40 натпревари во просек бележеше по 11,2 поени, 6,9 скока, 1,5 асистенции и 2,2 блокади по меч.