Таблетка „ја менува играта“: Антиковид лекот „ги нокаутираше“ акциите на производителите на вакцини

3838

Акциите на производителите на вакцини и други третмани против коронавирус паднаа во Азија, откако компанијата „Мерк“ (Merck) во петокот објави дека експерименталните испитувања на нивната антивирусна таблетка покажуваат дека го преполовува ризикот од хоспитализација и смрт од Ковид-19.

Падот на азиските пазари дојде откако акциите на BioNTech и Moderna во Њујорк во петокот веќе загубија на вредност откако беа објавени вестите за лекот за коронавирус, што некои го гледаат како пресвртница во глобалната борба против Ковид-19.

Акциите на фармацевтската група Shanghai Fosun Pharmaceutical Group, која има договор за дистрибуција на вакцината БиоНТек/Фајзер во Кина, паднаа дури 21 отсто во Хонг Конг, што доведе до загуби на регионалните фармацевтски компании.

Во Јапонија, акциите на JCR Pharmaceuticals Co, која има договор за производство на вакцина АстраЗенека, како и компанија која произведува реагенси за тестови за ковид, паднаа по 5 проценти.

Аналитичарите проценуваат дека загубите се последица на лекот на „Мерк“, кој што пазарот очигледно го гледа како на еден вид „менувач на игра“, односно пресвртница, во борбата против коронавирусот.

Резултатите од студијата за ефикасноста на таблетката на „Мерк“ беа толку охрабрувачки што производителот на лекови и неговиот партнер, во консултација со независни тела за тестирање и Администрацијата за храна и лекови на САД, одлучија да го прекинат тестирањето на пациентите и да започнат процес на добивање регулаторно одобрување за ставање во промет.

Прва таблетка ПРОТИВ КОРОНА