Познатата пејачка Даниjела Враниќ тврди дека е правнука на најпознатата балканска гледачка Баба Ванѓа. Со ова тврдење Данијела предизвика еден куп коментари, добри и лоши, на социјалните мрежи од страната на фановите, додека нејзините естрадни колешки не можат да поверуваат во тоа што Данијела го открива. Инаку, Данијела имала, наводно, и докази за своето потекло од семејната лоза на Баба Ванѓа. Вели дека е многу горда на својата прабаба.

Нема никогаш да ги заборави нивните средби во Бугарија каде што живеела Ванѓа. Даниjела вели дека иако била многу мала сè уште ги памети зборовите на баба си дека ќе биде среќна во животот. Нејзината интуиција, наследена од Ванѓа, ѝ помага да знае однапред дали нешто ќе биде во ред или не. Инаку, за 2020 година Баба Ванѓа тврдела дека ќе има разорни земјотреси, дека ќе дојде до нова економска криза, дека ќе завладее некоја чудна болештина (можеби токму корона вирусот?), дека ќе има дури и атентат во кој ќе се обидат да го убијат рускиот претседател Владимир Путин… Д.М./фото.Инстаграм/