Една несудена невеста во една Фејсбук група се пожалила дека цели седум месеци планирала свадба со маж за кој мислела дека ја побарал за жена, а потоа тој тврдел дека тие двајцата не се ни во врска.

Жената останала шокирана кога споменала дека ќе оди да си купи венчаница и работи  кои му требаат на „вереникот“ за свадбата, а тој мртов ладен ѝ рекол дека не се сеќава дека ја побарал за жена и дека воопшто треба да има свадба.

Несудената шокирана „невеста“ се дошокирала кога човекот ѝ рекол дека тие двајцата воопшто и не се во врска.

-Пред девет месеци мојот, како што мислев досега, вереник, ме праша дали ќе се омажам за него. Немаше прстен, па си реков дека тоа го одлучил ненадејно. Знаев дека ќе дојде со прстен кога ќе биде време, ми беше важно само тоа што сме заедно. Веќе седум месеци ја планирам свадбата од соништата. Кога му реков дека одам да купам фустан, ме погледна како да имам пет глави. Тврди дека никогаш не ме побарал за жена! Дури и ми рече: Зошто да побарам за жена, жена со која и не излегувам? – пиува несудената невеста на Фејсбук.

Другите во Фејсбук групата останале збунети, а многумина верувале дека станува збор за шега која таа не ја сфатила.

Но, најбизарно е што се појавила луѓе кои имале слично искуство, пишува Мирор.