Сe сечат јапонски цреши на „Максим Горки“ 

303

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера и денеска  изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“.

Станува збор за отстранување на стари и болни дрва од видот „јапонска цреша“. Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична.

Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, „јапонски цреши“, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.