Огласот за субвенциниорање треба да го објави Министерството за економија, откако ќе се изгласаат измените на Законот за градење со кои се најавени поедноставени процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти. Неделно и до 40 барања од компании до РКЕ за лиценци за фотоволтаициРегулаторна комисија за енергетика (РКЕ) годинава издаде лиценци на компании за капацитет од 63,5 мегавати од фотоволтаици и од 6,5 мегавати од мали хидроелектрани и бележи сè поголем интерес за вакви инвестиции

 

До Министерството за економија досега се пристигнати барања за субвенционирање трошоци за поставени фотонапонски панели од повеќе од 10 домаќинства со инсталирана моќност од околу 30 киловати. Тие ќе можат да аплицираат за средствата по објавата на Огласот за субвенциниорање, што според најавите од ресорното министерство, треба да се случи до крај на годината, откако ќе се изгласаат измените на Законот за градење со кои се најавени поедноставени процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти.

Со последните измени на Правилникот за обновливи извори на енергија се овозможи потрошувач-производител да постави производна постројка со поголема инсталирана моќност со цел целосно да ја задоволи својата потрошувачка и воедно да пласира поголемо количество во мрежата. Со тоа, како што објаснуваат од Министерството за економија, за одредени категории субјекти целиот концепт станува поатрактивен, односно инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од 6 киловати, за домаќинствата и инсталираната моќност на постројката да не е поголема од 40 киловати, за мал потрошувач, буџетски корисник и единка корисник.

Исто така, укажуваат од Министерството, со Правилникот се овозможи секое домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник/единка корисник да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија, вклучително и со универзалниот снабдувач.

Владата, на предлог на Министерството за економија донесе Програма за промоција на обновливи извори на домаќинствата за 2022 година, а со ребалансот на Буџетот, средствата за нејзина реализација се зголемија на 60 милиони денари, од претходно одобрените 30 милиони денари. Тие средства ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање фотонапонски панели за производство на електрична енергија за домаќинствата, до 30 проценти, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2022 година.

Од Министерството за економија најавуваат дека до крајот на годината, откако ќе се изгласаат измените на Законот за градење од страна на Собранието, ќе распишат јавен оглас, на кој заинтересираните домаќинства ќе имаат право да аплицираат за остварување надомест на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот да го предаваат на електродистрибутивната мрежа, во согласност со Правилникот за обновливи извори на енергија.

Според Министерството за економија, постои значително зголемување на интересот кај граѓаните за поставување на фотонапонски панели на покрив по направените промени во Правилникот за обновливи извори на енергија со кои, како што потенцираат, се отстранети извесни пречки кои го отежнуваа процесот за поставување на фотонапонски електрани при што вишокот на произведената електрична енергија се предава во системот – потрошувач производител.

Неделно и до 40 барања од компании до РКЕ за лиценци за фотоволтаици. ОдРегулаторната комисија за енергетика (РКЕ) годинава издаде лиценци на компании за капацитет од 63,5 мегавати од фотоволтаици и од 6,5 мегавати од мали хидроелектрани и бележи сè поголем интерес за вакви инвестиции.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, очекува до крајот на годината да има над 100 мегавати новоизградени обновливи извори на енергија со лиценците што се веќе издадени или се во постапка на издавање.

– Огромен е интересот. До овој момент РКЕ има доставено 134 лиценци за производство на електрична енергија од фотоволтаици  или мали хидроелектрани. Вкупниот инсталиран капацитет е 63,5 мегавати од фотоволтаици, а 6,5 мегавати од мали хидроелектрани. Има уште 51 компанија, која ни е во постапката за издавање на лиценци. Значи, очекувањата се дека до крајот на годината ќе имаме над 100 мегавати новоизградени обновливи извори, што е да  речеме повеќе од еден Козјак. Тоа е само за една година, од 1 јануари, информира Бислимовски, и потсетува дека по овој основ минатата година имаше околу 14 мегавати.

Во последниот месец неделно добиваат околу 30 до 40 барања, што, според него, значи дека интересот е екстремно голем.