Сè обиделе да го спасат Бејрут! Последна фотографија на хероите во пристаништето/ФОТО

1680

На социјалните мрежи се појави фотографија која ги покажува последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да го спречат ширењето на огнот во пристаништето во Бејрут.

Фотографијата е направена пред магацинот 12 во пристаништето во Бејрут, само неколку моменти пред експлозијата на амониум нитратот.

Фотографијата, за чија автентичност Dejli mejl добиле потврда, прикажува пожарникари пред масивните метални врати на магацинот на којшто пишува „влез 12“ и се наоѓа предупредување за опасни хемикалии.

Гувернерот на Бејрут истакна дека тимот пожарникари кои биле во пристаништето исчезнале по експлозијата.

Личноста која ги фотографирала пожарникарите исто така починала, а фотографијата е пронајдена во мобилниот телефон на жртвата. Фотографијата циркулираше на арапските профили на Твитер, а корисниците им оддадоа почит на пожарникарите.