Сите на свој начин се бориме против коронавирус, а Тијана тоа го прави со музика.  Порaдi тоа таа на својот инстаграм-профил често објавува музички видеа. Па така и нам не ни е здодевно и уживаме во разновидни стиховни бранови.

Дезинфекција на душата со музика. Јас само така знам да се борам против сè, напиша таа во описот на едното видео. Поточно, таа со нејзиниот колега Горан Ковачиќ дошле до идеа да ни ги разубават деновите преку преработка на песните на Бисера Веленталиќ. Потоа додаде – сè е снимено, смиксано  и скоцкано во домашни услови, да не кажам во домашно студио, секој во свое, бидејќи со музиката е лесно, нејзе ниеден вирус не ѝ може ништо.

https://www.instagram.com/p/B-RxyqDB9Ux/?utm_source=ig_web_copy_link

 

Претходно таа имаше отпеано песна посветана на корона за која текстот го напишал Сафет до кој пејачката упати голема благодарност. А, еве и што пее таа во песната:

Изолација, немој да излегуваш од домот доколку не мораш. Не заборавај да ставиш маскичка на лице. Раце заплакнувај. Си чистам по  домот. Сè купив, ќе има и за внуци. Корона тука нема да се завлече. Трупам сè, а фрижидерот ќе си “пукне“. (M.A)