Сè за Мелиса Сата

962

Интернационалецот на Гана, Кевин Принц Боатенг, во новата клупска сезона ќе го носи дресот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина.

Искусниот играч за врска вториот дел од изминатата сезона го одработи како позајмен играч во дресот на каталонскиот гигант Барселона, но неговиот договор не беше откупен од актуелниот шампион на Шпанија.

Италијанските медиуми открија дека Боатенг се одлучил за Фиорентина за да биде поблиску до неговата поранешна сопруга, атрактивниот модел Мелиса Сата.