Дома МАКЕДОНИЈА Јанева на 16 јули отворила боледување

Јанева на 16 јули отворила боледување

125
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 16 јули отворила боледување, информираат од СЈО за „Фокус“.

Обвинителката Јанева на 15 јули преку соопштение ја информираше јавноста дека поднесува оставка, се до избирање на нејзин наследник. Истиот ден, Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за случајот „Рекет“, по што Бојан Јовановски и Зоран Милески беа осомничени и завршија во притвор.

Истиот ден по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција беше одземен мобилниот телефон на Катица, но засега таа не е осомничена во истрагата.