СЈО и се е можно

184

Министерката за правда Рената Дескоска изрази надеж дека ќе успеат да изградат консензус со почитување на принципите кои се зададени од ЕУ, а се многу битни за градење на владеење на право во нашата држава.

Таа верува дека веќе созрева свеста кај сите политички партии дека она што значи барање за амнестија не смее и не може да помине.

– Нашето инсистирање  да бидат застапени сите принципи на владеење на право, а тоа значи да нема никаква можност за скриена амнестија е принциипот од кој не смееме и не можеме да отстапиме.

Закон што ќе содржи квалитетни решеније соодветни на стандардите на ЕУ, е закон што ќе биде позитивно оценет, истакна Дескоска по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.

Одговарајќи на новинарско прашање за истрагите кои ги води СЈО, Дескоска информира дека се разговара околу користење на постојната законска рамка, решенијата кои се во сегашниот закон за СЈО, во сегашниот закан за кривична постапка и решенија кои произлегуваат од праксата.

– Ние имаме веќе судски случаи во кои има користење на прислушувани или снимени материјали, кои се  користени во други предмети кои не се поврзани со СЈО и тоа е во согласност со други закони. Тука се водат тие дебати, појасни таа, додавајќи оти можни се решенија во кои реално судиите се тие што ќе ги решат прашањата околу истраги, докази, околу се, подвлече, согласно Законот за кривична постапка.