Руската ракометна федерација им изрече суспензија на осуммина играчи заради сомнение дека биле дел од криминално здружение за местење на натпреварите на Европското првенство за младинци што се одржа во Хрватска.

Се работи за репрезентативците Дмитри Кандубин, Александр Морозов, Никита Гоголев, Дмитри Фролов, Данил Дмитриев, Максимо Наидунов, Максим Ермолин и Георги Кириленко. Сите овие репрезентативци добија забрана за настап и во руското првенство се додека не им биде изречена конечната казна.

-Доказите кои ни беа презентирани многу не налутија, но и многу не разочараа, особено мене зашто се работи за наши млади ракометари. Ова е неверојатно предавство, изјави претседателот на Руската ракометна федерација Сереј Шишкарев.

Русија на овој шампионат се пласираше на претпоследното место губејќи ги трите средби во групната фаза, како и двата наредни меча во разигрувањето. Особено сомнителен е дуелот со Австрија на кој Русија важеше за фаворит но загуби убедливо со 36:19. Двете селекции се сретнаа во последниот меч за избегнување на фенерот, при што руските младинци рутински славеа со 31:24.