Сусо побара да биде продаден

86

Италијанските медиуми открија дека во понеделникот шпанскиот интернационалец Сусо имал состанок со раководните лица на калчо гигантот Милан и за време на средбата ги информирал дека сакал да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.

Иако има договор до јуни 2021 година, офанзивниот играч за врска потенцирал дека не е задоволен од соработката со новиот тренер Стефано Пиоли и од фактот дека е преселен на клупата за резервни фудбалери. Шпанецот бил информиран дека ќе биде продаден само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 25 мил. евра.