Толку кремаст, а толку полн со богат чоколаден вкус… Вкусувајќи го вака приготвениот мус нема ни да препознаете дека станува збор за десет без куп непотребни и нездрави калории. А, се подготвува и многу побрзо од класичниот.

Потребно е:

  • 90 г какао путер
  • 40 г какао во прав
  • 1 лименка (400 мл) кокосово млеко
  • 6 покиснати и исцедени урми
  • 1 лажица арома од ванила
  • Прстофат сол
  • Стевија по потреба, или некој вам омилен засладувач, само да не е шеќер

Приготвување:

Урмите прелејте ги со врела вода и оставете ги да покиснат најмалку еден час. Ова е најдобро да се направи од вечер за да не морате да чекате за подготвувањето кое инаку трае кратко)
На пареа, на тивок до умерен оган растопете го путерот, со постојано мешање. Температурата не смее да стане висока, само доволно да се растопи путерот.
Тргнете го од оган па додадете го какаото во прав и мешајте со лажица маталка. Потоа додајте го и кокосовото млеко, сипувајќи малку по малку. Матете одредено време како да матите белки за шлаг ставете неколку зрнца сол и на крајот исцедените урми и сето тоа убаво изблендирајте го неколку минути да се добие фина пена. По потреба и по вкус додадете и малку стевиа.

Кога сето тоа убаво ќе се измеша и ќе се соедини (очекувајте да биде многу течно) сипете во четири фини стаклени чаши. Оставете го кремот да отстои неколку часа во фрижидер, или преку ноќ, за убаво да се збие.
Пред послужувањето по желба украсете го мусот со малку грчки јогурт или со кокосов шлаг, па наросете со рендана црна чоколада.