Супер полна месечина во Водолија не очекува на 12 август. Проверете кои хороскопски знаци особено интензивно ќе го почувствуваат неговото влијание.

На 12 август ја пречекуваме последната супер полна месечина за оваа година, овој пат во знакот на Водолија. Оваа супер полна месечина носи посебна енергија што овозможува да се отвори вратата за среќна иднина. Таа ќе настапи во петок на 12 август во 03:36 часот.

Овој астролошки настан ни овозможува да оставиме нешто во нашите животи што повеќе не ни служи и да размислиме како да се движиме уште подалеку во иднината кон животот што навистина го посакуваме. Ова е време кога ги преземаме „уздите“ на животот во свои раце, ја прифаќаме одговорноста за нашите постапки и се движиме кон она по што навистина копнееме.

Овие четири знаци најмногу ќе ги почувствуваат промените кои следат.

Бик

Ве очекуваат промени на полето на кариерата и на полето на вашиот духовен раст. Бидејќи стабилноста и предвидливоста ви значат многу, неочекуваните настани на почетокот можат да ве исфрлат од колосек, но подоцна ќе сфатите дека се се случило за ваше најголемо добро. Важно е да останете смирени и промислени дури и кога се чувствувате под притисок да дејствувате импулсивно. Сега е време за нова трансформација и малку поинакво сфаќање на животот.

Лав

Супер полната месечина ви носи турбуленции во односите со саканите, како и во општата благосостојба и здравје. Може да има недоразбирања, можеби дури и расправии, кои ќе ве вознемират и вас и другатата личност. Вашиот прв инстинкт ќе биде да се грижите за партнерот, а притоа да не заборавите да водите сметка и за себе и сопствените потреби. Бидете малку повнимателни во деновите околу полната месечина и не правете ги работите набрзина.

Шкорпија

Ќе почувствувате расцеп во себе помеѓу вашата мека, емотивна страна и рационалниот дел од себе, преку кој се заштитувате од болка. Дозволете си да бидете ранливи и да ги покажете вашите слабости, но можеби е време повторно да ги воспоставите вашите граници со блиските. Останете верни на себе и на другите и следете се себеси. Сега е време да ја промените комуникацијата со околината. Сигурно ќе добиете предизвици вио оваа област кога ќе имате можност да реагирате поинаку.

Водолија

Овогодинешната полна месечина е во вашиот знак, па не е чудно што поинтензивно ќе ги почувствувате нејзините ефекти. Ова е одлична можност да одвоите неколку моменти за саморефлексија и да размислите какви одлуки сте донеле неодамна, колку тие се исплателе и што можете да направите поинаку во иднина.