Сунак по разговорите со Зеленски: „Се е на маса…“

24

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека „се е на маса“ во однос на воената помош за Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили своите барања за помош од Запад пред разговорите со лидерите на ЕУ.

– Борбени авиони за Украина беа „дел од разговорот“, рече Сунак на заедничката прес-конференција со Зеленски, кој потврди дека ќе се приклучи на самитот на ЕУ в четврток. Тој побара и ракети со голем дострел.

Руската Амбасада во Велика Британија го предупреди Лондон да не испраќа борбени авиони во Украина, нагласувајќи дека таквиот потег ќе има последици за целиот свет.

Велика Британија ги објави плановите за проширување на програмата за обука на војската на Украина за да се осигура дека нејзините пилоти можат да летаат со софистицирани авиони според стандардите на НАТО.