Челниците на Сузуки најавија дека следната сезона нема да се натпреваруваат во Мото ГП шампионатот, а по тој повој овој пат се огласија.

  • Сузуки Мотор Корпорејшн разговара со Дорна за нашето повлекување од Мото ГП шампионатот на крајот на 2022 година. За жал, тешката економска ситуација доведе до многу проблеми во автомобилскиот свет, а тоа се одрази и на нас. Принудени сме да ги намалиме трошоците и човечките ресурси за развој на нови технологии. Сакаме да им се извиниме на сите што не поддржуваа изминативе години, а особено на навивачите кои секогаш беа со нас, се вели во соопштението на тимот.

Мото ГП шампионатот продолжува викендов со трката за Големата награда на Франција во Ле Ман.