Речиси секој голем клуб има по некоја атрактивна навиначка, но никој нема како Барселона. Сексапилната бразилска старлета Сузи Кортез, овој пат реши да ги продаде своите омилени дресови (од Барселона) за да помогне во борбата против коропнавирусот.

Поранешната „Мис Бум-Бум“ (најдобар задник во Бразил) веќе години наназад се соблекува во чест на Барселона и нејзиниот миленик Лионел Меси, а овој пат донесе одлука за респект.

  • Почнувам аукција на дресови на Барселона со цел да соберам пари за набавка на алкохолен гел и маски за населението кое не е во ситуација да го купи. Тие се прескапи во аптеките, а на Интернет чинат премногу. Ќе победиме во оваа игра против короната, напиша Сузи на социјалните мрежи.