Сузана, сопруга на богатиот Саша Поповиќ, творецот на “Ѕвездите на Гранд“ – пејачка од сенка – Не е со амбиции за големата кариера

234

Која е 53-годишната Сузана Јовановиќ? Токму таа е (втората) сопруга на еден од најбогатите Срби на естрадата, на Саша Поповиќ оној што ги измислил популарните “Ѕвездите на Гранд“ шоуто кое е популарно и во Македонија. А, неговата Сузана е исто така пејачка. Но нема некои пејачки амбиции. Повеќе живее во сенка на својот популарен и материјално богат сопруг.

– Јас со шоубизнисот се занимавам од фотелја, вели духовито Сузана. На крајот од краишата јас сум сопруга на Саша Поповиќ. Луѓето треба да разберат дека не пеам за да се натпреварувам, да имам тезги, да сум богата. Јас сето тоа го имам. Пеам тогаш кога ќе ми се пее. Не сум во грч, не трчам по некоја голема кариера, вели релаксирано сопругата на Саша. Меѓутоа, малкумина знаат дека убавата Сузана пред Поповиќ имаше брак кој траеше само една година.

-Тоа беше некоја тинејџерска љубов. Не се каам затоа што од тој брак го имам синот Даниел. Кога бракот заврши, го зедов детето и се вратив кај моите родители. Синот беше мојата движечка сила. Имав 20 години кога се разведов и веднаш почнав со новиот живот. Се запознав со Саша, а се друготоа го знаете за мене и него!