Судски совет ги отфрла тврдењата на холандскиот амбасадор: Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет

79
Фото: П.Стојановски

Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите
дадени во Законот за Судски совет. Ова е заклучено на денешниот работен
колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на Холандскиот
амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на СС е избран во
нелигитимна процедура и затоа се става во мирување 4 годишниот проект
финансиран од оваа земја. Членовите потенцираат дека првиот човек на СС
е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за
ССРСМ. Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за
корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во
законска процедура ги проверува  сите одлуки донесени за проверка за
одговорноста на судиите преку жалбениот Совет. Холандскиот проект трае 4
години и се состои од 3 компоненти: ефикасност, отчетност,
транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата
проектна година, соопштуваат од Судскиот Совет.