Судијата Теа Голуб денеска донесе одлука за времена мерка и одлучи синот на Северина Којиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ од денес да живее со таткото, кој самостојно ќе се грижи за здравјето и образованието на детето, потврдува за Индекс.хр адвокатот на пејачката Мате Матиќ.

На изрекувањето на одлуката не присуствувале ни Северина ни Милан.

Матиќ за порталот додава дека одлуката стапува на сила веднаш, односно дека евентуална жалба нема да ја одложи што значи дека Северина уште денес треба да му го предаде детето на таткото кој може да го одведе во Србија.