Судан: Осудени 27 полицајци на смрт поради убиство на учител

49

Дваесет и седум припадници на суданските безбедносни сили денеска се осудени на смрт со бесење поради убиство на учител, кој е уапсен за време на протести во февруари годинава, а кои доведоа до соборување на поранешниот претседател на земјата Омар ал-Башир.

Тоа е првпат судот да изрече казна поради примена на прекумерна сила врз демонстранти во месеците пред и по соборувањето од власт на Ал Башир во април оваа година.

Освен тоа, 13 обвинети се осудени на затворски казни, а четворица се ослободени од обвинението.

Смртта на учителот Ахмед ал-Каир во градот Кашм ал-Кирба во источниот дел на Судан стана симбол на протестите против власта на Ал Башир, кои траеја 16 седмици.

Според семејството на Ал Каир, припадниците на безбедносните сили на почетокот тврделе дека тој починал од труење, но подоцна истрагата утврдила дека причина за неговата смрт биле повреди од физички напад.